Search

Поранешен службеник на Кремљ и шпион на ЦИА официјално прогласен за исчезнат

Министерството за внатрешни работи на Русија соопшти денеска дека поранешниот официјален претставник на Кремљ, Олег Смоленков, обвинет дека бил шпион на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), е официјално прогласен за исчезнат, јави „РИА новости“.

Полицијата, наводно, трага по него.

Американските медиуми соопштија дека агентот на ЦИА во руската влада е „извлечен“ и однесен во САД во 2017 година, што го потврдија два извора за „Ројтерс“.

Рускиот дневен весник „Комерсант“ објави дека станува збор за маж по име Олег Смоленков, кој исчезна со сопругата Антонина и трите деца за време на летувањето во Црна Гора во јуни 2017 година.

Треба да знаете
Последни објави