Search

Поранешен играч на МЗТ Скопје, си најде тим во шпанската прва лига

Даниел Кларк потпиша двомесечен договор со шпанскиот кошаркарски прволигаш Морабанк Андора. За Кларк ова е враќање во клубот во кој играше заедно со Војдан Стојановски пред да дојде во МЗТ.

Британецот, кој во дел од сезоната 2016/2017 настапуваше за МЗТ Скопје Аеродром од каде доби предвремен раскин на договорот поради слабите партии, по заминувањето од македонскиот првак,  без проблеми си наоѓа ангажман во една од двете најсилни лиги во Европа, шпанската АЦБ лига.

После МЗТ, високиот 31-годишен шутер кој не игра добро во одбрана, играше за шпанските прволигаши Мурсија, Гипускоа и Фуенлабрада, а сега се договори со Андора.

Треба да знаете
Последни објави