Search

Поранешен ЕУ-дипломат oсомничен дека шпионирал за Кина

Поранешен дипломат на ЕУ, наводно, е под истрага во Германија, откако бил осомничен дека шпионирал за Кина. Според германските медиуми, вклучени биле и двајца лобисти.

Полицијата извршила рација во домови и канцеларии во Брисел, Берлин и во други германски градови во Баден-Виртемберг и Баварија. Досега не се извршени апсења.

Еден од тројцата осомничени за шпионажа за Кина е поранешен германски дипломат, кој работел за Европската комисија и Службата за надворешно дејство на ЕУ, каде ја претставувал ЕУ во странство.

Двајца од осомничените се обвинети за доставување информации. Не е јасно колкав пристап до информации имале тие,  а истрагата сè уште е во тек.

Овој случај доаѓа во многу чувствително време за Брисел и Германија бидејќи земјите членки на ЕУ размислуваат дали да дозволат со кинеска технологија на компанија „Хуавеи“ да се развие 5G интернет-мрежата низ целиот блок.

Треба да знаете
Последни објави