Search

Пораки со говор на омраза осамнаа на битолско училиште, општината го осуди чинот

Навредливи натписи како „смрт за џандари“ и „смрт за шиптари“ се испишани со спреј по ѕидовите на основното училиште „Климент Охридски“.

Од општина Битола најостро ги осудуваат вандалските натписи на ѕидовите од училиштето, во кои се користи говор на омраза, недоличности, а, како што велат, истовремено се уништува и фасадата на училиштето.

„Ваквиот вандалски чин претставува деградирање на моралните вредности, имајќи предвид дека станува збор за образовна институција, во која што учат деца од основното образование на возраст од 6-14 години“, се наведува во соопштението на градските власти.

Тие апелираат релевантните институции да ги откријат сторителите во најбрз можен рок.

Воедно, локалната самоуправа апелира на повисока морална свест, со цел да не се поттикнува говор на омраза и да не се уништуваат објектите во градот

Треба да знаете
Последни објави