Search

Порака на Земан до Трамп: Подобро замини

Подобро би било Доналд Трамп да се откаже од понатамошна борба и да го признае поразот на изборите, изјави чешкиот претседател Милош Земан кој инаку беше приврзаник на американскиот претседател во заминување.

Земан рече дека е можно да се оди на суд и да се побара пребројување на гласовите, но смета дека Трамп треба да избере друг пат.

– Лично, мислам дека би било многу поразумно да се откаже, да не создадеме непријатна ситуација и да му се дозволи на новиот претседател да ја преземе функцијата, рече чешкиот претседател.

Треба да знаете
Последни објави