Search

Поразително е тоа што владата на Британија молчи пред расизмот на Трамп, вели пратеничка од опозицијата

Пратеник ја обвини владата на Британија дека му „прогледала низ прсти“ на претседателот Доналд Трамп за неговите расистички коментари за градоначалникот на Лондон, јавуваат локални британски медиуми.

Наз Шах од опозициската Лабуристичка партија вели дека владата не успеала да му се спротивстави на Трамп и да ги одбрани етничките малцинства додека тој упатувал расистички коментари кон лондонскиот градоначалник.

„Ако Доналд Трамп може да ја поддржува екстремната десница и да користи расистички навреди за да го напаѓа градоначалникот на Лондон, а при тоа нашата актуелна премиерка или некој потенцијален иден премиер не го осудува тоа однесување, тогаш тоа создава опасен и загрижувачки преседан“, вели Шах.

„Малцинствата се директна мета на омразата и фанатичкото однесување“, додава Шах.

„На кого ќе се потпрат овие групи на луѓе кога ќе им биде потребна поддршка? Тишината од страна на нашата конзервативна влада е поразителна“, вели таа.

Коментарите на Шах следеа откако Трамп го нарече градоначалникот на Лондон „национален срам“.

Треба да знаете
Последни објави