Search

Поради Хонг Конг, Кина воведе санкции за 11 Американци, меѓу кои шест сенатори

Кина денеска соопшти дека воведува санкции за 11 Американци, меѓу кои и шестмина сенатори, поради тоа што лошо се однесувале во однос на прашањето за Хонг Конг.

Тоа е најновиот потег во ескалацијата на односите меѓу Кина и САД, откако во петокот Вашингтон воведе санкции проти Кери Лам која управува со Хонг Конг, како и против 10 други кинески и хонгкошки функционери поради нивната улога во кршењето на политичките слободи во регионот.

– Постапките на САД во петокот се флагрантно мешање во работите на Хонг Конг и во кинеските внатрешни работи, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина Жао Лијан.

– Станува збор за сериозно кршење на меѓународното право и основните норми на управување со меѓународните односи, додаде тој.

Меѓу санкционираните Американци се сенаторите Тед Круз, Марко Рубио, Том Котон, Џош Хали, Пет Туми и Крис Смит.

Рубио веднаш регираше со објава на Твитер, каде напиша дека не сака да биде параноичен, но дека му изгледа дека Кинезите не го сакаат.

Треба да знаете
Последни објави