Search

Поради страв од коронавирусот, човек три месеци живеел на аеродром

Човек кој се плашел да лета поради пандемијата на коронавирусот живеел три месеци неоткриен во безбедно подрачје на меѓународниот аеродром во Чикаго.

Како што пренесува Би-Би-Си, Адитја Синг (36) е уапсен во саботата откако персоналот на авио-компанијата му побарал да покаже лична карта.

Тој покажал значка, а таа наводно припаѓала на оперативниот менаџер кој пријавил нејзино исчезнување во октомври. Полицијата вели дека Синг на 19 октомври пристигнал со лет од Лос Анџелес до меѓународниот аеродром Охаре.

Тој на аеродромот наводно пронашол значка на персоналот и „се плашел да си оди дома заради ковид“, рекла помошничката државен обвинител Кетлин Хагерти, пренесува Чикаго Трибјун.

Окружната судијка Сузана Ортиз изразила изненадување на околностите на случајот.

„Тој успеал да живее од податоците на други патници“, рекла судијката во случајот.

Синг живее во предградието на Лос Анџелес и нема криминално досие, според зборовите на помошничката јавен обвинител. Не е јасно зошто тој бил во Чикаго.

Тој е обвинет за криминално дело во заштитеното подрачје на аеродромот и кражба.

Треба да знаете
Последни објави