Search

Поради страв од Ердоган, 65 Турци побарале политички азил во Босна

Најмалку 65 државјани на Турција побарале политички азил во Босна и Херцеговина, којашто, како и бројни други држави е соочена со ултимативни барања од Анкара за испорачување на сите лица кои турската власт ги сомничи за поврзаност со движењето „Фето“ на Фетулах Ѓулен.

Помошникот на министерот за безбедност на БиХ, Маријан Баотиќ изјави за „Дневни Аваз“ дека 43 Турци побарале азил годинава, додека 22 тоа го направиле лани. Барањата ги образложиле со страв од прогон во својата земја поради тоа што припаѓаат на социјална група која е критички настроена кон претседателот, Реџеп Тајип Ердоган, пренесе „Хина“.

За време на недамнешната посета во Сараево, Ердоган побара од челновите на босанското претседателство да ги испорача во Турција нејзините државјани за кои се претпоставува дека дека се дел од „Фето“ – организација која турските власти ја сомничат за тероризам и сметаат дека е одговорна за неуспешниот државен удар во 2016 година.

Од Службата за работа со странци наведуваат дека сѐ поголем број на Турци поднесуваат барања за босански пасош.

Треба да знаете
Последни објави