Search

Поради сообраќајка затворен автопатот Градско-Велес

Сообраќајот на автопатот Градско-Велес од 17.32 минути е затворен за сообраќај поради случена сообраќајна незгода и се одвива по регионалниот пат Градско-Велес, информира АМСМ.

Оттаму посочуваат дека сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Треба да знаете
Последни објави