Search

Поради снежни врнежи, откажани летови на островот Хокаидо во Јапонија

Околу 2.000 патници се приморани да останат на островот Хокаидо, северна Јапонија, откако беа откажани 105 летови на аеродромот во Сапоро, поради силни снежни врнежи кои го погодија островот.

Во близина на безбедносната зона на аеродромот има голем број луѓе на кои им се поделени ќебиња и вреќи за спиење.

Аеродромските власти соопштија дека летовите за понеделник претежно се букирани, што значи дека луѓето чии летови беа откажани мора да чекаат најмалку до вторник за да закажат нов лет.

Поради силните врнежи од снег, аеродромот мораше да ги затвори пистите за авиони за да може да го исчисти снегот.

Треба да знаете
Последни објави