Search

Поради СДСМ и Царовска 12% од учениците не се вклучени во образовниот процес

Поради неспобноста на владата на СДСМ и министерството за образование и наука предводено од Мила Царовска 12% од учениците не можат ја следат наставата и не се вклучени во образовниот процес.

За нивната неспобност говори и фактот што учебната година започна еден месец покасно од вообичаеното, односно наместо во септември училишната година започна во октомври.

На СДСМ и Царовска не им е грижа што над 40.000 ученици немаат ИТ уред за да го следат образовниот процес.

Се уште одреден број  училишта немаат доволен број компјутери за наставниците. Интернетот се уште е слаб и се освестија во октомври да купуваат интернет наместо во август.

Децата со попреченост за кои Царовска очигледно декларативно била заангажирана како министер за труд и социјална политика, како министер за образование ги заборави.

Граѓаните секојдневно се сведоци за новите случаи на КОВИД-19 каде бројката од ден на ден училиштата секојдневно расте, а владата и Царовска  без никаков срам се фалат за успешноста на наставниот процес.

За ваквото неодговорно работење следи одговорност од СДСМ и Царовска.

Треба да знаете
Последни објави