Search

Поради протест пред Собранието утре времен сообраќаен режим во Центар

Во врска со најавен протест организиран од страна на Семакедонски Национален конгрес  што ќе биде одржан пред Сообрание на Р.Македонија утре 18.11.(недела), Ве известуваме дека од 12.00 часот ќе биде воведен времен режим на сообраќај на улица „11-ти Октомври“.

И тоа на потегот од крстосница помеѓу булевар „Кочо Рацин“ и улица „11-ти Октомври“ до крстосница помеѓу улица „Димитрие Чуповски“ и улица „Даме Груев“ и од крстосница помеѓу улица „Филип Втори Македонски“ и улица „Кеј 13-ти Ноември“ до крстосница помеѓу улица „Даме Груев“ и улица „Македонија“. Возилата што ќе се движат по улиците кои гравитираат кон Сообрание на Р.Македонија ќе бидат пренасочени по улица „Кеј 13-ти Ноември“, улица „Кирил и Методиј’, булевар „Св. Климент Охридски“ и булевар „Кочо Рацин“.

Треба да знаете
Последни објави