Search

Поради пожар, откажани железничките линии во Италија

Се претпоставува дека трите пожари што ја зафатија железничка станица во предградието на Фиренца и предизвикаа доцнење од четири часа и откажани 42 железнички линии се подметнати, објави италијанската агенција АНСА.

Пожарот избувнал рано ова утро на контролната мрежа и уште две моќни точки и прелиминарните резултати покажуваат дека пожарот е подметнат, се вели во соопштението на железничката компанија РФИ, пренесува „Ројтерс“.

Инцидентот ги прекина патувањата низ целата земја, вклучувајќи ги и големите градови, во неделата кога синдикатите најавија штрајк од среда до петок.

Возовите во просек доцнат четири часа, а 42 линии на брзиот воз на главната линија север-југ беа откажани.

Треба да знаете
Последни објави