Search

Поради пандемијата одложена премиерата на продолжението на „Топ ган“

Премиерата на продолжението на холивудскиот хит „Топ ган“ од 1986 година требаше да биде еден од најзначајните настани ова лето, но поради пандемијата на коронавирус таа ќе се одржи во декември.

Во продолжението на „Топ ган: Маверик“, Том Круз (57) повторно се појавува во улогата на самоуверениот пилот на американските воздухопловни сили Пит „Маверик“ Мичел – но овој пат тој е инструктор за летање.

„Знам дека многумина од вас чекаа 34 години. За жал, ќе трае малку подолго. Топ ган: Маверик ќе полета во декември. Останете безбедни, сите вие“, напиша Круз на „Твитер“. Новиот датум на прикажување е 23 декември.

Треба да знаете
Последни објави