Search

Поради она што го кажал на доделувањето на Греми наградите, на Дрејк му го исклучиле микрофонот

Откако со недели се расправаше дали ќе присуствува на Греми наградите, Дрејк сепак во последен момент одлучи да се појави.

Тој освои Греми за најдобра рап песна, а насред страствениот победнички говор, веднаш откако на младите музичари им порачал дека “ова не им треба”, организаторите му го исклучиле телефонот.

“Она со кое се занимаваме е втемелено на мислење, не на факти. Сакам да кажам дека веќе сте победиле ако луѓето знаат да ги пеат вашите песни, ако сте станале херој во својот роден град. Ако постојат луѓе кои ја работат својата работа на дожд и снег, а се спремни да ги потрошат тие пари на карта за вашиот настап, тогаш оваа награда не ви е потребна, веќе сте победиле”, изјавил раперот.

По тоа, тој сакал да продолжи со говорот, но неговиот микрофон бил исклучен и набрзо биле пуштени реклами.

Треба да знаете
Последни објави