Search

Поради најавата за дожд, претставата „Самрак на боговите“ ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“

Театарската претстава „Самрак на боговите“, која ќе се одигра вечерва во рамките на програмата на Охридско лето наместо на сцената „Долни Сарај“ каде што беше предвидена, ќе се биде во центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот.

Причината за промената на локацијата, е најавата за лоши временски услови во текот на вечерта.

„Самрак на боговите“ во продукција на СНГ Драма од Марибор, Словенија а во режија на Далибор Матиќ, е претстава што зборува за сппротивставеноста на политиката и интимните манипулации, особено во поглед на меѓучовечките односи.

Треба да знаете
Последни објави