Search

Поради магла намалена видливост на Стража

Поради магла намалена видливост на Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат. Врнежи од снег во раните утринските часови се бележат на Попова Шапка, Страцин, планинскиот превој Стража и во Маврово.

Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 30 метри има на планинскиот превој Стража.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Патниот правец Р2332 Охрид-Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2018 до 01.04.2019 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

Треба да знаете
Последни објави