Search

Поради магла намалена видливоста кај Попова Шапка и Стража

Намалена видливост поради магла до 100 метри има на Попова Шапка и 30 до 50 метри на планинскиот превој Стража, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија Пат. Поради ниските температури можна е појава на голомразица, а снег врне на Попова шапка, јавува АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Треба да знаете
Последни објави