Search

Поради магла намалена видливоста во Македонски Брод, Делчево и Страцинo

Pоради појава на магла намалена е видливоста од 50 до 100 метри во Македонски Брод, Делчево и Страцино, инфомираат од Авто мото-сојузот на Македонија, и додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Треба да знаете
Последни објави