Search

Поради коронавирусот Фондот за здравствено осигурување на Словенија во минус од 129 милиони евра

Од Фондот за здравствено осигурување на Словенија објавија дека поради епидемијата со коронавирусот и падот на економијата годината ќе ја завршат со 129 милиони евра минус на сметката.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, раководството на фондот предложи загубата да ја покрие државата. Предупредија дека ако тоа не се случи може последните месеци на годината да биде загрозено нормалното функционирање на Фондот.

Според нивните пресметки, главната причина за негативното салдо е значително намалените приходи поради целокупниот пад во стопанството.

Треба да знаете
Последни објави