Search

Поради коронавирусот во Франција е побарана делумна невработеност за 2,2 милиони вработени

 – Вкупно 220.000 претпријатија во Франција побарале делумна невработеност за 2,2 милиони вработени, јави дописникот на МИА од Париз.

Употребата на системот на делумна невработеност беше побарана во петокот вечерта од 220.000 претпријатија за вкупно за 2,2 милиони вработени, објави  денеска министерката за труд Муриел Пенику во „Гранд жири РТЛ / Ле Фигаро / ЛЦИ”.

– Во петокот навечер, имавме 220.000 претпријатија кои побараа делумна невработеност за сите или за дел од нивните вработени. Тоа е 65.000 повеќе од претходниот ден”, рече Пенику.

Овие барања се однесуваа на „2,2 милиони вработени” во петокот вечер, или „600.000 повеќе” од четвртокот, додаде таа.

– Ние имаме илјадници барања во минута. Главните области што се засегнати се  индустријата, угостителството, градежништво и трговијата со храна, кои во моментот се многу погодени, рече Пенику.

Според неа, целта на работењето со парцијално работно време, што се користи масовно, е да се избегнат отпуштањата од работа.

– Мојата прва цел е да избегнуваме отпуштања од работа за да избегнеме социјална фрактура и исто така да им овозможиме на компаниите, утре, да започнат повторно со работа со своите знаења, истакна министерката Пенику.

Таа додаде дека „овој систем ја исполнува својата цел, бидејќи во моментот има многу мало зголемување на невработеноста”. – Се надевам дека ќе трае – со  20.000 нови невработени „повеќе” за време на „третата недела од март споредено со минатата година, рече  Пенику.

Паралелно, како што рече, вработувањата паднаа за 70 проценти, освен во одредени сектори како производство на маски, земјоделство…

Министерката Пенику им порача на компаниите да не ги отпуштаат работниците, туку да користат скратено работно време. – Ќе ги задржите своите вештини и нема да ги оставите вработените да останат без работа. Дури и за еден вработен, делумната невработеност функционира. Сите барања за кои не е одговорено во рок од 48 часа се смета дека се одобрени и ние ќе извршиме пост-проверки по здравствената криза, истакна таа.

Треба да знаете
Последни објави