Search

Поради Ковид-19 одложено и третото рочиште од судењето против браќата Усеини од Охрид

Не се одржа ниту третото по ред рочиште од судскиот процес што пред Основниот суд во Охрид се води против браќата Нефи и Ибраим Усеини. Причина за неодржувањето на дешениот распит е што поради Ковид-19 на првообвинетиот Нефи Усеини му е изречена мерка домашна изолација.

Инаку, првото рочиште од процесот беше одложено за 26 октомври, поради влошената здравствена состојба на Ибраим, брат на советникот во Општина Охрид од редовите на ДУИ – Нефи Усеини. Тогаш пред Судскиот совет од предметот што го водеше судијата Милчо Клишески не се појави ниту Спиро Топалоски оштетениот и главен сведок во судењето, со образложение дека неговата сопруга вработена во детска градинка не можела да отсуствува од работно место така што немало кој да се грижи за децата.

Второто рочиште не се одржа поради тоа што второобвинетиот Ибраим Усеини беше на оперативно лекување во странство и стоматолошка интервенција на оштетениот Спиро Топалоски.

Покрај денешното, предметот што сега го води судијката Билјана Белеска имаше закажано уште едно рочиште на 3 декември што, исто така е одложено, со појаснување дека процесот треба да продолжи во јануари 2021 година.

Обвинителството покрена постапка против браќата Усеини за настан што се случи на 18 август годинава кога пред хотел во Охрид Спиро Топалоски физички бил нападнат од браќата Усеини, при што според првичната изјава на оштетениот бил изваден и пиштол, а кон него и неговиот малолетен син биле упатувани закани. Судскиот процес против нив се води поради сомневање дека се сторители на кривично дело „насилство”, иако против нив првично беше покрената пријава и за „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали”. Оштетениот Топалоски го смена исказот даден во предистрага, посочувајќи дека се работи за недоразбирање односно погрешно протолкувана изјава. За одбраната исказот на Топалоски даден пред Јавен обвинител беше посочена како единствен валиден доказ во постапката.

Треба да знаете
Последни објави