Search

Поради змии во зградата, либерискиот претседател Жорж Веа принуден да работи од дома

Претседателот на Либерија и поранешен фудбалер, Жорж Веа, е принуден да работи од дома откако две змии биле пронајдени во зградата во која се наоѓа неговата канцеларија, соопшти заменик-портпаролот Смит Тоби.

Тоби за агенцијата АП изјавил дека на претседателот му било препорачано да се пресели дома додека зградата не биде исчистена.

Се очекува претседателот да се врати на работното место од понеделник.

Неделава змиите биле забележани како излегуваат од дупка во ѕидот на зградата.

Бидејќи во Либерија има отровни змии, функционерите не сакале да го доведат во опасност животот на претседателот.

Треба да знаете
Последни објави