Search

Поради зголемен обем на работа и извоз на коскесто овошје Државната фитосанитарна лабораторија ќе работи и во сабота

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека поради зголемениот обем на работа и извоз на коскесто овошје на пазарите во Европската унја и во Руската федерација, а во интерес на земјоделските производители и откупувчи, Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ) при МЗШВ ќе работи и во сабота 15.06.2019 година, но само за анализи за испитување на габата „Monilinia fructicola“ кај коскесто овошје.

Доставувањето на мостри за испитување на присуство на габата „Monilinia fructicola“ ќе може да се направи во периодот од  08:30 часот до 13:00 часот во Државната фотосанитарна лабораторија.

Државната фитосанитарна лабораторија работи согласно акредитираните методи односно протоколите на Европската Медитеранска организација за заштита на растенијата, при што добиените резултати се веродостојни и прифатливи за извоз.

Резултатите од лабораториските анализи од ДФЛ ја пратат пратката од коскесто овошје при извоз на рускиот пазар и се важни особено во овој период кога е зголемен извозот на коскесто овошје.

Треба да знаете
Последни објави