Search

Поради зачестените напади, протест на лекарите во Тирана и Скадар

Лекарите од Универзитетската клиника во Тирана и Регионалната болница во Скадар, денеска излегоа на протест поради зачестеното насилството врз нивните колеги.

Во болницата во Скадар, работата е прекината привремено во знак на солдарност по последнте случаи на напад врз белите мантил.

Во Тирана, на протестот на лекарите им се придружи и заменик-министерката за здравство Мира Ракацоли.

Лекарите од Унивезитетската клиника во Тирана го осудија насилството врз белите мантил,кое како што рекоа влијае врз квалитетот на услугите.

-Силно веруваме дека работната средина на лекарите треба да биде далеку од секаков вид насилство, без било какво малтретирање. Насилството прозведува насилство, депресија и директно влијае на квалитетот на вниманиото и услугите. Ако лекарите и медицинските сестри не се безбедни, ниту пацентите не се безбедни. Потребно е да ја смениме културата на однесување,порачаа учесниците на протестот во Тирана.

Тие упатија апел за обединување и заедничко делување за да се каже „стоп на насилството”и побараа да се разгледа Уставот и да се зголемат казните.

-Ова е повик до државните институции, до сите потребни механизми за да се вклучат во нашата заштита. Дојде време да се измени и Уставот за да се зголемат казните за насилство врз белите мантили. Ве молам верувајте во лекарите и медицинските сестри. Стоп на насилство против медицинскиот персонал,порачаа лекарите.

Заменик минстерката Ракацоли најави измени и дополнување на Кривичниот законик, ко ќе се однесуваат на зајакнување на мерките против насилниците врз лекарите .

– Ќе се донесат мерки за посебна заштита на белите мантили а реорганизацијата на безбедносната служба во секоја болница ќе биде дополнителна мерка. Наслството врз здравствените работнци е за секаква осуда и е неприфатливо,рече Ракацоли.

Лекарите од клиниката во Тирана протестираа и вчера.

Треба да знаете
Последни објави