Search

Поради говор на омраза исклучени осум членови на ХДЗ во Хрватска

Судот на честа за Градскиот комитет на Загреб ХДЗ синоќа донесе одлука да исклучи од партијата осум членови поради говор на омраза на социјалните мрежи, јави Хина.

На ова му претходела телефонска седница на загребскиот ХДЗ и претседателствата на градските организации кои го освоиле предлогот на партијата. По одлуката на Градскиот суд на честа, исклучените членови можат да се жалат до Високиот суд на честа, кој може да ја потврди или да ја отфрли иеречената мерка.

Откако изби аферата на WhatsApp, раководството на ХДЗ одлучи да ги санкционира сите членови на партијата кои шират говор на омраза на WhatsApp, Viber и Facebook, се заканија или повикаа да се гласа за други кандидати, а не за претседателскиот кандидат на ХДЗ, Колинда Грабар Китаровиќ.

Треба да знаете
Последни објави