Search

Поради антивладините протести во Зимбабве оневозможен пристап до интернет

Во Зимбабве во целост е оневозможен пристапот до интернет, соопшти невладина организација за слобода на медиумите по повеќедневните судири помеѓу полицијата и демонстрантите кои протестираат поради зголемување на цените на горивата за повеќе од 100 проценти.

Високиот суд на Зимбаве в понеделник ќе ја разгледува жалбата поради укинување на интернетот.

Конференцијата на католичките бискупи наведе дека Зимбабве „минува низ еден од најтешките периоди во својата историја” и ја критикуваше Владата за „нетолерантен третман на неистомислениците” и за економскиот колапс на земјата.

Повеќе од 600 демонстранти се уапсени во Зимбабве во текот на неделата.

Демонстрантите блокираа патишта и се судрија со безбедносните сили поради одлуката на претседателот Емерсон Мнангагве да ја зголеми цената на горивата, со што тие ќе бидат најскапи во светот.

Треба да знаете
Последни објави