Search

Поради автомобилски трки ќе се воведе посебен режим на сообраќајот во Скопје

За време на претстојниот викенд, и во сабота и во недела, од 7 до 17.30 часот, Одделението за Безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на Град Скопје, поради одржување на кружен натпревар во автомобилизам „Скопје 2018 -2“.

Натпреварот, кој е во организација на „АКК Примо АВЈ” – Скопје, ќе биде на потегот од крстосница на булевар „Крсте Петков Мисирков“ и булевар „Гоце Делчев“, право до крстосница на булевар .„Гоце Делчев“ и улица „Беласица“ до надвозникот на железничката пруга на исток, северно продолжува до кружниот тек, јужно до крстосница на улица „Владимир Комаров“ и улица „Беласица“ во Скопје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.

Треба да знаете
Последни објави