Search

Поп-ѕвезда кандидат за претседател на Уганда

Боби Вино, поп-ѕвезда од Уганда, изјави денеска дека ќе се кандидира и ќе го предизвика долгогодишниот претседател Јовери Мусевени на изборите во 2021 година.

„Јас ќе го предизвикам претседателот Мусевени во име на народот”, рече тој во интервју за АП.

Но Вино, чие вистинско име е Кијагулани Сентаму, рече дека е загрижен за својата безбедност откако го преживеа наводниот атентат во август минатата година кога неговиот возач беше убиен во автомобил.

„Јас не сум слеп на фактот дека режимот ме сака мртов и тоа што е можно поскоро”, рече Вино.

Како лидер на популарното движење познато како „Човечка моќ”, Вино има освоено многумина кои сакаат да го симнат Мусевени, кој е на власт од 1986 година и се чини дека ќе се кандидира за нов мандат.

Треба да знаете
Последни објави