Search

Поп ѕвездата Крис Ву уапсен под сомнение за силување

Кинеско-канадскиот поп идол Крис Ву е приведен во полиција во Пекинг под сомнение за силување.

Медиумите пренесуваат дека поранешна членка на корејскиот бенд EXO го обвини дека ја намамил да имаат секс додека била пијана. Тинејџерката обелодени дека ја контактирале уште седум девојки кои ѝ рекле дека Ву ги завел ветувајќи им работа и други можности. Таа нагласи дека некои од нив се помлади од 18 години.

Во полициското соопштение се вели дека Ву бил приведен под сомнение за силување „како одговор на релевантни информации објавени на Интернет, вклучително и дека намамил млади жени да имаат секс со него“.

Веста беше најпопуларната тема на кинеските социјални мрежи изминатиов викенд, а некои корисници на „Веибо“ остро го нападнаа Ву, велејќи му „Бегај од Кина!“ ”

„Мора да се придржуваш до кинескиот закон кога си на тлото на Кина!“, напиша друг.

Ву е канадски државјанин. Тој стана познат како член на К-поп бендот EXO, потоа започна успешна соло кариера како пејач, актер и модел.

Многу познати брендови ја прекинаа соработката со него по последните обвинувања упатени против него од 19-годишна студентка Ду Меижу, која тврди дека е негова поранешна девојка. Таа откри дека Ву ја силувал на 17-годишна возраст, а исто така тврди дека пејачот е ловец на малолетни девојчиња.

„Луј Витон“ е меѓу брендовите што го прекина договорот со Ву, објави „Вашингтон пост“ во петокот, додавајќи дека 24 наводни жртви го обвинуваат Ву на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави