Search

Попов: Три години СДСМ не може да ја заврши реконструкцијата на СД „Гоце Делчев“која ја почна ВМРО-ДПМНЕ

Интегрален текст од изјава на Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

„Три години СДСМ не може да ја заврши реконструкцијата на СД Гоце Делчев, која ја почна ВМРО-ДПМНЕ.

Блоковите А и Б се реконструирани во време на ВМРО-ДПМНЕ и пуштени во употреба. Блоковите В и Г стојат нереконструирани и неупотребливи.

Дарко Каевски и СДСМ лажат кога велат дека нешто направиле. Три години ништо не направија. Да биде иронијата поголема, во нивната програма напишаа и од ова место ветија дека овде ќе има студентски град. Овде студентски град нема, а состојбата е полоша од кога било до сега.

Каевски и неговата екипа ги лажеа младите и ништо не направија.

На Каевски не му е гајле за младите затоа што додека тој седи во удобната фотелја фирмата на неговите родители ниже државни тендери.

Лицемерието на Каевски е прочитано, а лицемерието на СДСМ е провидно.

СДСМ не направи ништо за младите, а вети многу. СДСМ три години лаже. И сега пред избори повторно лаже.

СДСМ нема повеќе кредибилитет. СДСМ мора да си замине. Доаѓа време за обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.“

Треба да знаете
Последни објави