Search

Попов: Дали зад одржувањето на фонтаните се крие уште една зделка на градот Скопје и ЈП Водовод

И на пеколно топло време дел од фонтаните не работат и не се одржуваат поради неспособноста на градот Скопје и ЈП Водовод да стопанисува со нив. Згора на тоа се чини дека зад одржувањето на фонтаните се крие и вносен бизнис, обвини Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„ЈП Водовод и градот Скопје тврдеа дека мистериозно е украдена опрема за фонтаните во износ од 60 илјади евра, за да сега да распишат тендер за одржување на фонтаните од над половина милион евра. Поточно 580 илјади евра вреди договорот кој ЈП Водовод го склучи со фирмата „Хидротек“. За 7 фонтани ќе се потрошат 580 илјади евра, со посебна ставка во договорот за набавка на потребни резервни делови и опрема, што отвора сомнеж дека замената на украдената опрема е многу повеќе од 60 илјади евра.

Досега немаше одговорност за тоа што пред очите на градот Скопје мистериозно снема опрема вредна неколку десетици илјади евра. Оттука се поставуваат прашањата:
Дали зад одржувањето на фонтаните се крие уште една матна зделка на градот Скопје и ЈП Водовод?

Зошто градот Скопје драстично ја укина чуварската служба од претходно, и дали зад украдената опрема за фонтаните се крие можност за уште една вносна заработка на некои фирми?

Ако од ЈП Водовод за адвокатски услуги заработуваше илјадници евра советникот на премиерот Зечевиќ, дали со новата зделка од половина милион евра се крие вносна заработка за некој советник на Заев близок до СДСМ? Колкава е точно сумата за украдената опрема и кој ќе понесе одговорност за ова?“ истакна Попов.

Треба да знаете
Последни објави