Search

Поповски го осуди нападот на новинарите кој се случи синоќа

Поповски го осуди нападот на новинарите кој се случи синоќа

Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски го осуди нападот на новинарите кој се случи синоќа.

„Силно го осудувам синоќешниот напад на тројцата мои колеги новинари, Љупчо Цветановски, Дејан Андоновиќ и Петар Серафимовски. Мојот став е нула толеранција за каков било напад, притисок или закана врз новинарите и медиумите. Професионалните и независни медиуми се гласот на граѓаните во секоја демократска држава. Затоа ги повикувам институциите да покажат одговорност, да ги пронајдат напаѓачите и да постапат соодветно“, сподели Поповски.

Инаку новинарите не биле нападнати затоа што се критичари на власта, соопшти денеска и еден од нападнатите.

Тие ноќеска биле нападнати од група лица на возраст од околу 20 години во близина на угостителски објек на ул. „Есперанто“ во Скопје.

Андоновиќ вели дека биле нападнати од група луѓе при излегување од кафеана и кои воопшто не знаеле кои се тие.

МВР презема интензивни мерки за итно и целосно расчистување на настанот.

Владата преку соопштение најостро го осуди нападот врз новинарите што минатата ноќ се случил во Скопје, и овие инциденти ги оцени како неприфатливи и недозволиви.

Оттаму апелираа надлежните институции да алармираат и постапуваат за секој напад или закана против медиумските работници.

Треба да знаете
Последни објави