Search

Поповолна економската состојба во преработувачката индустрија во септември во однос на август

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември годинава е зголемен за 0,1 процентeн поен во однос на август годинава и изнесува 13, а во однос на септември минатата година е намален за 8,7 процентни поени, објави денеска Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во септември во однос на август годинава е пoнеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во септември годинава е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на септември лани. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември годинава изнесува 67,5 проценти од нормалното искористување.

Податоците на ДЗС покажуваат дека најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството во преработувачката индустрија имаат  недоволната странска побарувачка со 20,2 проценти, неизвесното економско опкружување со 17,2 проценти, недостигот на квалификувана работна сила со 16,5 проценти и недоволната домашна побарувачка со 12,8 проценти.

Треба да знаете
Последни објави