Search

Попович: Никој не може вечно да победува

Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Грег Попович верува дека неговиот тим може да извлече поука од поразот на ријателскиот меч против Австралија (94:98)во пресрет на Светското првенство. Ова е прв пораз на Американците под негово водство.

-Игравме лошо, не само во четвртата четвртина, туку во текот на целиот натпревар. Донесовме лоши одлуки. Ова е делумно очекувано, затоа што имаме нов тим, сè уште ја проучуваме нашата играта. Австралијците ни одржаа одлична лекција за тоа како треба да се однесуваме. Поразот значи дека треба да играме подобро. Никој не може да победува вечно. И ние ќе се справиме со овој проблем. Се подобривме по овој пораз и продолживме понатаму, изјави Попович.

САД на претстојното Светско првенство во Кина кое ќе почќне на 31 август нема да биде во најсилен сотав по откажувањето на учеството на голем број ѕвезди од НБА лигата.

Треба да знаете
Последни објави