Search

Попович: Забраната за мобилни телефони помогна да се подигне тимската хемија

Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Грег Попович им забрани на играчите да користат мобилни телефони пред стартот и за време на Светското првенство во Кина кое ќе стартува на 31 август. Оваа непопуларна мерка според него придонела за подобрување на атмосферата со репрезентацијата од која откажаа повеќе НБА-ѕвезди.

– Одиме на Мундијалот со комплетно нов тим, вклучително и поради одбивањето на голем број играчи да настапат на ова првенство. Имаме многу малку време за запознавање и воигрување, така што забранив употреба на телефони. Ова веднаш даде резултати. Играчите се заинтересираа за животот на своите репрезентативни колеги и тие со задоволство ги слушаат приказните на секого, истражувајќи се меѓу себе. Ова ќе ни помогне за создавање хемија во репрезентацијата на патот кон остварување на нашите цели, изјави Попович.

Американците ќе играат во групата Е со селекциите на Турција, Чешка и Јапонија.

Треба да знаете
Последни објави