Search

Попова: Пендаровски го направи Бугарин, Заев го тргува, а Шилегов со скрстени раце за срамните оштетувањата на споменикот на Гоце Делчев

Интегрален текст од изјава за медиуми Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје

 

Петре Шилегов оди по примерот на неговиот шеф Зоран Заев, кој се откажа од македонскиот јазик и корени. Шилегов, Оливер Спасовски и Стево Пендаровски  на 4-ти Мај не положија свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев или на некој негов споменик во градот Скопје.

Што мисли Шилегов за херојот Гоце Делчев и каков е односот на градот покажува унаказаниот споменик на херојот Гоце Делчев позади мене. Преполн со графити, оштетувања и негрижа на градската власт. Ова е тажна и разочарувачка слика која говори за односот на Шилегов и градот Скопје кон најсветлиот лик во македонската историја. Пендаровски го направи Bугарин, Заев тргува со неговото име, а Шилегов не презема ништо за срамните оштетувања на спомен обележјето на Гоце Делчев. Како тргнал ќе ни каже и дека ќе го руши и овој споменик, бидејќи тоа е неговиот наратив.

Шилегов е платен од парите на народот, а не од Зоран Заев, доколку не му се допаѓа македонската историја и не сака да ги штити македонските интереси задолжително да си поднесе оставка, бидејќи и самиот кажа дека не живее од плата, тоа нема да му биде проблем. Така ќе ги спаси  скопјани и градот Скопје од неговата не работа и неспособност.

Дејствијата на Шилегов се само дополнување на негаторскиот однос на Бугарија кон Македонија, кој го имаме само заради Зоран Заев. Негацијата на нашиот јазик и корени е токму заради СДСМ. Тие наместо да застанат во одбрана на нацијата, тргуваат со сопствениот народ.

Треба да знаете
Последни објави