Search

Попладнево пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови денеска на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според УХМР, продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината.

Утре во Берово се очекуваат минимални четири степени, а максимални 24 ќе бидат во Гевгелија и Демир Капија.

Во изминатите 24 часа наврнале четири литри на метар квадратен во Крива Паланка, три во Тетово и Штип, како и по еден литар во Битола, Скопје – Зајчев Рид, Демир Капија и Струмица.

Треба да знаете
Последни објави