Search

Попладнево нестабилно со дожд и грмежи

Попладнево времето е нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, особено на југоистокот каде за кратко време наврна поголема количина на воден талог, а имаше и појава на суградица. Доцна попладнево со интензивна нестабилна маса е зафатена и Скопската котлина, а од појави беше регистриран интензивен пороен дожд, силен ветер, како и појава на ситен град.

Во моментов на повеќе места во земјава има пороен дожд, но поинтензивната нестабилност е во планинското подрачје југозападно од Скопје, како и северозападно од Велес.

И во наредните часови ќе се задржи нестабилно со пороен дожд и грмежи, но силинита на процесите се очекува да слабее. Во текот на ноќта атмосферата постепено ќе се стабилизира.

Сончево и потопло со мала до умерена облачност. Во крајните западни и источни делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Т-мин. од 12 до 19, а т-макс. од 27 до 35 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Т-ра: 17 / 32 степена.

Во сабота ќе преовладува сончево и топло време. Во недела попладне и во следните денови повторно ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Во недела ќе дува повремено засилен југозападен ветер, а од понеделник ветерот ќе се промени во северен и тоа ќе услови опаѓање на температурата за неколку степени..

Треба да знаете
Последни објави