Search

Помпео: Ќе ја продолжиме војната против ИД

Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа изјави дека знаел за одлуката за повлекување на американските сили од Сирија.
Тој додаде дека одлуката е донесена по консултациите на претседателот Доналд Трамп со високи претставници.

Помпео потсети дека победата над ИД била главна причина за дејствувањето на американските војници во Сирија и оти откако терористите се поразени тие треба да се повлечат.

Американскиот државен секретар нагласи дека ИД и понатаму е активна во различни делови од светот.

– САД ќе ја продолжат борбата против тероризмот. Ќе ја продолжиме војната против ИД во Сирија или на кое било друго место. Одлуката за повлекувањето од Сирија не ја намалува огромната победа што ова администрација ја оствари во рамките на борбата против тероризмот на Блиски Исток, посочи Помпео.

Треба да знаете
Последни објави