Search

Помпео ја посети грчко-американската воена база на Крит

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, ја посети грчко-американската воена база во рамките на НАТО на Крит, пред средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на вториот ден од неговата посета на Грција.

Помпео претходно се состана и со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас.

На состанокот, неколку дена откако Грција и Турција ветија дека ќе продолжат со дипломатскиот дијалог за спорот, што летово предизвика стравувања од воен конфликт во спорната поморска област, тие се согласија дека „САД и Грција имаат заеднички ставови за источниот Медитеран и ја потврдија нивната убеденост дека поморските гранични спорови треба да се решат мирно“.

Во октомври минатата година, Помпео ја посети Атина и потпиша ревидиран договор за воена соработка со Грција, кој предвидува зголемување на заедничките активности на САД и Грција и на НАТО во три бази во Грција.

Програмата за посетата на Помпео вклучува потпишување договор за соработка на САД со Грција во науката и технологијата, состанок со бизнисмени од енергетскиот сектор за диверзификација на енергијата и инфраструктурни проекти во Грција.

За време на турнејата, Помпео ќе ги посети и Италија, Ватикан и Хрватска.

Треба да знаете
Последни објави