Search

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на нафта, САД не сакаат војна со Техеран.

„Претседателот Трамп направи сè за да избегне војна. Ние не сакаме војна“, изјави Помпео во интервју за телевизијата „Фокс“.

Тензиите меѓу САД и Иран го достигнаа врвот откако администрацијата на Доналд Трамп го обвини Техеран дека во четвртокот изврши напад врз два танкери за нафта во Оманскиот залив. Иран отфрла одговорност за нападот.

Помпео додаде дека не сака да зборува за идните потези на Вашингтон.

Запрашан дали САД ќе испратат повеќе војници и оружје во регионот, тој рече дека Иран има за цел да нема нуклеарно оружје.

Треба да знаете
Последни објави