Search

Помпео: Русија и Кина се закана за напредокот на демократијата и слободниот пазар

Американскиот државен секретар Мајк Помпео за време на денешната посета на Братислава побара од земјите од Источна и Централна Европа да се спротивстават на кинеското и руското влијание.

Тој истакна дека Кина и Русија претставуваат двојна закана за напредокот на демократијата и слободниот пазар по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година досега.

Според Помпео, земјите од Источна и Централна Европа се исклучително ранливи од алчните инвестиции и политичкото мешање.

За да се спротивстават на таквата закана, САД ќе го зголемат својот ангажман во регионот преку договори за соработка во опдбраната и програми за размена, објасни државниот секретар на САД.

Словачка е втората земја, по Унгарија, во европската турнеја на Помпео, во чии рамки тој ќе ги посети уште Полска, Белгија и Исланд.

Треба да знаете
Последни објави