Search

Помпео не исклучува нови санкции за поддржувачите на Мадуро

Американскиот државен секретар Мајкл Помпео не ја исклучи можноста Вашингтон да воведе нови санкции за оние кои ја поддржуваат владата на Николас Мадуро, покажуваат забелешките по средбата на Помпео со лидерот на венецуелската опозиција, Хуан Гваидо, во Богота објавена на официјалната веб-страница на американскиот Стејт департмент.

„Не зборуваме за конкретни санкции, но сите можат да очекуваат дека САД не се готови“, рече Помпео, одговарајќи на прашањето дали САД може да воведат нови санкции кон Русија, особено за нафтената компанија „Роснефт“, поради поддршка за владата на Мадуро.

„Очекувам дека ќе има дополнителни активности што САД ќе ги преземат за да продолжат да ги поддржуваат претседателот Гваидо и венецуелскиот народ“, додаде тој.

Политичката криза во Венецуела се влоши на 23 јануари кога Хуан Гваидо, лидер на опозицијата во Венецуела и претседател на парламентот, чие именување на таа позиција беше откажано од Врховниот суд , се прогласи за привремен претседател на митингот во Каракас.

Неколку земји, вклучително и САД, повеќето држави од ЕУ, членки на групата Лима (со исклучок на Мексико), Австралија, Албанија, Грузија и Израел, како и Организацијата на американски држави, го признаа како легитимен водач.

Актуелниот претседател на земјата, Николас Мадуро, пак, го оцени овој потег како пуч што го спровел Вашингтон и рече дека ги прекинува дипломатските врски со САД. За разлика од нив, Русија, Белорусија, Боливија, Иран, Куба, Никарагва, Ел Салвадор, Сирија и Турција изразија поддршка за Мадуро.

Во септември 2019 година, американскиот специјален претставник за Венецуела, Елиот Абрамс, изјави дека Вашингтон во иднина може да воведе санкции кон руската нафтена компанија „Роснефт“ за соработка со Венецуела, но не е подготвена да го стори тоа сега.

Треба да знаете
Последни објави