Search

Помпео: Кина е предатор

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, денес изјави дека Комунистичката партија на Кина направила „лоши дела“ за Шри Ланка, нарекувајќи ја најнаселената земја предатор, објави „Ројтерс“.

„Почнувајќи од лоши зделки, кршење на суверенитетот и беззаконието на копно и море, Кинеската комунистичка партија е вистински предатор, додека САД имаат сосем поинаков пристап. Доаѓаме како пријатели, како партнер”, рече Помпео на прес-конференција во главниот град на Шри Ланка, Коломбо.

Помпео го посети Коломбо, како дел од азиска турнеја, со цел да собере што повеќе сојузници против Пекинг, заклучува „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави