Search

Помпео и Мас го бранат НАТО по коментарите на Макрон

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас денеска ја истакнуваа важноста на НАТО, истакнувајќи дека трансатлантската соработка е клучна за падот на Берлинскиот ѕид пред 30 години и оти и денес е релевантна.

Двајцата функционери ги дадоа коментарите во одбрана на НАТО, откако францускиот претседател Емануел Макрон рече дека недостигот на лидерство во САД е причина за „мозочната смрт” на НАТО.

За време на посетата на германското село Медларојт, кое беше поделено за време на Студената војна, Помпео пред новинарите изјави дека со „извонредната работа на демократските земји е создадена слобода и милиони луѓе се извлечени од многу тешки ситуации”.

– Мислам дека НАТО се уште е важен, клучен, историски можеби еден од најклучните, стратешки партнери во запишаната историја, рече Помпео во Лајпциг.

Мас истакна дека не верува во „мозочната смрт” на НАТО.

– Цврсто верувам во меѓународната соработка, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави