Search

Помпео го поздрави договорот за мировни преговори меѓу официјален Кабул и Талибанците

САД го поздравуваат договорот објавен денеска од преговарачките тимови на Исламската Република Авганистан и талибанците, соопшти Стејт департментот. 

Денешниот договор ги кодифицира правилата и процедурите преговарани од двете страни од почетокот. Постигната е политичка патна карта за преговори и договор за сопефатен прекин на огнот. 

Соопштението потпишано од државниот секретар Мајк Помпео доаѓа веднаш откако двете страни објавија дека е постигнат договор на преговарите што се одвиваат во Доха.  

 -Ова е важен камен темелник во мировните преговори за Авганистан што почнаа на 12 септември 2020 година. Им честитаме не двете страни во нивната истрајност и волја да најдат заедничка почва. Ова е успех што покажува дека авганистанската Исламска Република и талибанците се сериозни, можат да ги надминат разликите и се подготвени за справување со тешки прашања, се вели во соопштението, наведува Помпео. 

Се додава дека тоа што денеска е постигнато дава надеж за постигнување на конечно политичко решение на овој над четиридецениски конфликт.

Треба да знаете
Последни објави