Search

Помпео во Солун за тензиите во источниот Медитеран

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ќе разговара во Солун со шефот на грчката дипломатија Никос Дендијас, пред сѐ за тензиите во источниот дел на Средоземното Море.

Секогаш тензичните односи на Грција и Турција, двете членки на НАТО, се дополнително влошени годинава поради долготрајниот спор околу морската граница и правата на наоѓалиштата на нафта и гас во источниот дел на Средоземното Море.

Помпео пред доаѓањето во Грција разговараше со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за, како што напиша на Твитер, деескалацијата на ситуацијата во источниот Медитеран“ и повторно „укажа на значењето на единството на НАТО“.

Помпео е првиот шеф на американската дипломатија кој доаѓа во Солун, во рамки на петдневната посета на Европа која вклучува и посета на Италија, Ватикан и Хрватска.

За време на посетата на Солун Помпео треба да потпише билатерален договор за наука и технологија, како и да се сретне со бизнис лидерите од енергетскиот сектор.

Тој ќе им се придружи на членовите на еврејската заедница во знак на сеќавање на Јом кипур.

Помпео подоцна денес треба да отпатува на Крит каде ќе ја посети американската воена база, а се очекува и да се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Треба да знаете
Последни објави