Search

Помладата ќерка на Трамп во врска со момче од Нигерија

Тифани Трамп (25), помладата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп и нејзиното момче Мајкл Булос, беа забележани во Лондон само една недела откако ја открија својата врска, пренесува „Пипл“.

Двојката изгледаше расположено додека одеше на вечера, каде што им се придружи британската пејачка Мица Париз.

Тифани ја откри нивната врска на 4 јануари, кога ја објави заедничката фотографија која беше создадена во Црвената соба во Белата куќа. Овој дел од Белата куќа не спаѓа на приватната резиденција на претседателското семејство.

Не е познато дали нејзиното момче го запознало нејзиниот татко, американскиот претседател Доналд Трамп, во таа пригода. Пред објавувањето на врската, двојката беше снимена на 8 септември на модна ревија во Њујорк.

Медиумите известуваат дека Булос, наводно, го запознал семејството на Тифани за време на Денот на благодарноста.

Инаку тие се запознале минатото лето на Миконос во Грција во еден клуб на плажа, во сопственост на актерката Линдзи Лохан.

Булос е како Тифани, дете од богато семејство.

За многумина овој однос е исклучително интересен, најмногу поради тоа што Мајкл е роден во Нигерија.

Трамп во една пригода ја изнавреди државата Нигерија, нарекувајќи ја „ус*ана дупка”, додека минатата година зборуваше за имиграцијата.

Тој го негираше ова брзо, но рече дека употребил поостар речник. Властите на Нигерија го оценија неговиот говор како „длабоко навредлив и неприфатлив”.

Треба да знаете
Последни објави